Превземете ја студијата на случај во ПДФ формат.
Ситуација
Во рамките на својата политика за корпоративна општествена одговорност Меритор Медиа ги понуди своите услуги на еден од најголемите проекти во Македонија, „Ден на дрвото-засади ја својата иднина!„. Тимот на Меритор Медиа беше одговорен за креирање и спроведување на комуникациската стратегија, како и дефинирање на комуникациските цели. „Ден на дрвото-засади ја својата иднина!„ е граѓанско здружение кое е иницијатор за организирање на национална акција за засадување на садници два пати годишно во кои се вклучуваат 100 000 граѓани. Меритор Медиа се соочи со предизвикот да ги мотивира медиумите по четирите веќе организирани акции, организирајќи интересни настани за медиумите и постојано лобирање за медиумска подршка и за позитивни медиумски извештаи.
Решение
Сложеноста на проектот Ден на дрвото, бараше развивање и имплементација на прецизна комуникациска стратегија. Меритор Медиа беше задолжена за креирање на комуникациската стратегија со која јасно се одредувија комуникациските цели кои требаше да се постигнат, како и акцискиот план за активностите. Тимот на Меритор Медиа оствари блиска соработка со медиумите со цел да овозможи позитивни медиумски извештаи и распространување на комуникациската порака. Неколку дополнителни проекти (Засади без граници, Златно славејче ја засадува својата иднина) беа создадени за да се добие дополнително медиумско покривање, а се креираше обемен календар на медиумско појавување со цел да се интензивира информативната кампања и да се зајакне јавната свест.
Резултат
Активностите кои ги презеде тимот на Меритор Медиа, допринесоа за севкупниот успех на иницијативата. Агенцијата беше одговорна за контактирање на новинарите со цел да овозможи меидумско покривање на настаните и квалитетни медиумски извештаи. Комуникацискиот консалтинг и медиумското лобирање резултирање со повеќе од 100 ТВ, радио и извештаи на интернет и во печатените медиуми, голем број на медиумски појавување на разни ТВ емисии и во централните изданија на вестите на водечките ТВ станици во земјата. Меритор Медиа ги организираше едиумските настапи на начин да се максимизира ефектот и да се допре до целните публика. Исто така, за прв пат од организирањето на акцијата, Меритор Медиа овозможи емитување на логото на здруженитето на водечките ТВ станица, еден ден пред одржување на акцијата, промовирајќи ја акцијата и зголемувајќи ја препознатливоста на акцијата.
Изјави на клиентите
„Комуникацискиот консалтинг и оперативната подршка која ја добивме од тимот на Меритор Медиа ги надмина нашите очекувања. Да кажеме дека сме презадоволни од нивните услуги би било потценување на нивната работа„ – Борис Трајанов, претседател „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!„.

