Meritor Media

ЗА НАС

Меритор Медиа е една од водечките компании за Комуникациски консалтинг со седиште во Загреб, Хрватска, со дополнителна канцеларија во Скопје. Ние сме специјализирани за креирање на публицитет за своите клиенти. Сметаме дека публицитетот е трајна општествена вредност која се гради постепено и тешко затоа што е кредибилен, насочен кон јавноста и потребата на општеството да знае, забележува и разбира. Името Меритор Медиа означува мала, доверлива, флексибилна и експедитивна компанија. Нашата предност е во брзата реакција на потребите на клиентот, која во денешното време на екстремна компетитивност е од огромна важност при здобивање предност во однос на конкуренцијата на пазарот. Нашиот тим е секогаш подготвен за предизвик и исполнување на барањата на нашиот клиент на дисциплиниран и експедитивен начин.
За да ја контактирате канцеларијата во Македонија: info@meritormedia.mk
За да ја контактирате канцеларијата во Хрватска:  info@meritormedia.hr

НАШАТА МИСИЈА
Да изградиме силен публицитет за нашите клиенти. Да обезбедиме квалитетни приказни за медиумите и новинарите за да може да привлечат читатели, гледачи и слушатели.

 


НАШАТА ВИЗИЈА
Да бидеме водечка ПР агенција во ЈИЕ преку создавање на специјализирани тимови, одговорни за различни ПР практики и гранки во индустријата.

 


НАШАТА УЛОГА
Да ги промовираме тие идеи и иницијативи кои го подобруваат квалитетот на животот, во рамките на нашата професија и надвор од неа.

 


НАШАТА ФИЛОСОФИЈА
Клиентите се секогаш на прво место, а нашите проактивни услуги им овозможуваат полесно да се фокусираат на бизнисот и резултатите. Образованието и развојот се главните нишки во развојот на луѓето во Меритор Медиа.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Меритор Медиа
Адреса: бул. Партизански Одреди 17б-15/3, 1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3132 005
Факс: +389 2 3132 005
Е-пошта: info@meritormedia.mk
www.meritormedia.mk