Меритор Медиа, дел од YoungNetwork, португалска комуникациска групација, го направи следниот чекор во процесот на интернационализација, со отворањето на канцеларијата Меритор Медиа Македонија во Скопје. Влезот на источно-европскиот пазар е раководен преку Меритор Медиа, хрватска подружница на YoungNetwork.
Рашељка Марас Јуричиќ, директор на Меритор Медиа, компанија која 75% е во сопственост на групацијата YoungNetwork, ќе го комбинира раководењето на хрватската и македонската агенција, додека, раководењето на терен во Скопје ќе биде одговорност на Александар Аневски. Аневски е искусен менаџер во продажба и маркетинг, со широко познавање на регионалните пазари. Според Рашељка Марас Јуричиќ, присоединувањето кон YoungNetwork имаше за цел да овозможи раст на домашниот и странските пазари. Добрите резултати кои се постигнати во минатата година и половина, ни овозможуваат да ја постигнеме нашата амбиција.
Меритор Медиа Македонија ќе понуди услуги во институционална комуникација, дизајн и рекламирање. Засега, тимот ќе биде составен од петмина професионалци, од кои тројца ќе имаат ефективно присуство, додека двајца, кои ќе бидат задолжени за креатива, се надворешни членови.
Целта на агенцијата е да се раководи комуникацијата со десет клиенти со годишни договори до крајот на 2010 и да се овозможи поврат на инвестицијата до 2012.
Доколку имате потреба од ПР и маркетинг подршка во Македонија, контактирајте не:
info@meritormedia.mk
Меритор Медиа до.о. Скопје
Бул. Партизански Одреди 17б-15/3, 1000 Скопје
T: +389.2.3132.005
F: +389.2.3132.005
www.meritormedia.mk